Овој продукт е главен во исхраната на најдолговечните луѓе во светот

- Advertisement -

Истражувањето кое го финансираше Светската здравствена организација покажа дека само 20 грама грав дневно го намалува ризикот од смрт во сите старосни групи за околу 8%. Гравот претставува врвна суперхрана, Во просек, се состои од 21% протеини, 77% сложени јаглехидрати (кои даваат бавна и стабилна енергија, наместо скокот кој го добивате од рафинираните јаглехидрати како што е белото брашно) и само неколку проценти масти. Исто така, одличен извор е на влакна.

Исхраната на луѓето во т.н. Сини зони често се поврзува со консумирање нитрутивно богата растителна исхрана, а гравот зазема истакнато место во оваа исхрана. Сините зони се региони ширум светот во кои луѓето живеат долго и здраво, а нивната исхрана се карактеризира со ограничен број преработени производи и голем акцент на растителните состојки.

- Advertisement -

Гравот, е основен прехранбен производ во овие делови од светот и игра клучна улога во долговечноста и здравјето на луѓето. Грвот е одличен извор на протеини, поради што е незаменлива компонента во исхраната на Сините зони. Протеините се од витално значење за одржување на мускулната маса, поправка на ткивата и поддршка на сите телесни функции.

За разлика од животинските протеини, гравот има низа предности како што е ниската содржина на заситени масти и холестерол, што придонесува за здравје на срцето и го намалува ризикот од хронични болести. Влакната се уште еден клучен елемент поради што гравот е клучен елемент во исхраната на Сините зони. Храната богата со влакна се поврзува со бројни здравствени предности, како што е подобро варење на храната, контрола на тежината и намалено ниво на холестерол.

- Advertisement -

Една од основните катактеристики на гравот е нискиот гликемиски индекс, што значи дека помалку влијае на нивото на шеќери во крвта. Ова е посебно битно за спречување на скокови и падови на шеќерот, па е идеален избор за луѓе кои се загрижени поради појава на дијабетес или оние кои сакаат да одржат стабилно ниво на енергија во текот на денот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -