„Duolingo“ мета на хакери – украдени 2,6 милиони податоци

- Advertisement -

Eдна од најпопуларните апликации за изучување странски јазици „Duolingo“ се најде на удар на хакери кои дошле до кориснички податоци, пренесува веб-страницата Zimo. Наводно, на хакерски форум се појавила база на податоци од околу 2,6 милиони корисници на оваа апликација.

Иако се работи за мал број корисници, бидејќи „Дуолинго“ има 74 милиони следбеници, експертите се загрижени за интернет безбедноста. Тие потсетуваат дека на почетокот на 2023 година, некој ја продавал оваа база на податоци на сега затворениот хакерски форум за само 1.500 долари. Помеѓу податоците што беа на продажба беа кориснички имиња, вистински имиња на корисници, адреси на електронска пошта и други внатрешни информации поврзани со услугите на „Дуолинго“.

- Advertisement -

Политика

Сподели!
- Advertisement -