Норвешка го најави почетокот на ерата на електрични авиони

- Advertisement -

Големите автомобилски компании пренасочуваат се повеќе ресурси кон развојот на електрични автомобили, кои во иднина ќе доминираат по патиштата во светот. Иако тој процес ќе биде прилично долг, во даден момент во голем број земји електрични автомобили целосно ќе ги заменат бензинците и дизелашите, пишува Zimo.

Земјата со најголем удел во бројот на електрични автомобили во светот денес е Норвешка, а токму таа земја сака да биде и еден од пионерите на полето на електричните авиони. Откако во Норвешка беше тестиран електричен авион за две лица, од Министерството за транспорт на земјата најавија дека до 2025 година ќе овозможат комерцијални летови со електрични авиони.

- Advertisement -

Од Министерството велат дека работите брзо се менуваат и се движат кон зелената авијација, па и најголемите играчи во оваа индустрија развиваат електрични верзии на авиони. Кога на тоа ќе се додаде и падот на цената на батериите, се чини дека планот на Норвешка до 2040 година да користи само електрични авиони и не е неизводлив.

 

Сподели!
- Advertisement -