Стартува ИПАРД 3 програмата, неповратни 97 милиони евра од ЕУ за развој на агросекторот

- Advertisement -

Maкедонија е прва земја во регионот која започнуваме со реализација на ИПАРД 3 програмата. Станува збор за можност од 30 милиони евра кои ќе бидат на располагање на македонскиот агросектор за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за постбербени активности, објекти и опрема за преработки, опрема за собирање, калибрирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила. Нова можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции за изградба на современа инфраструктура, патишта, пешачки патеки, водовод и канализација.

Најавата дојде денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потенцираше дека се прифатливи и инвестиции во алтернативни земјоделски производи и преработки, производство на пијалоци, непрехранбени производи како и занаетчиски активности. 


„Во насока на силна поддршка за јакнење на руралниот туризам кој има извонредно голем потенцијал и природни убавини, со овој јавен повик опфатени се инвестиции за изградба на сместувачки капацитети (хотели, кампови, бунгалови, апартмани, соби) угостителски објекти, ресторани, простории за дегустации, за директна продажба и маркетинг, за организирање семинари во рурални места. Или накратко, овој јавен повик поддржува инвестиции за сè она што значи агросектор и рурален развој“, посочи министерот на денешната презентација на новата ИПАРД 3 програма. 

Сподели!
- Advertisement -