Откриен антибиотик на кој бактериите немаат одговор

- Advertisement -

Научници открија потенцијалн нов антибиотик, кловибактин, добиен од бактерии кои се наоѓаат во песочната почва во Северна Каролина, САД. Уникатниот начин на дејствување на тој нов антибиотик дава надеж за намалува на отпорноста на бактериите на лекови.

Кловибактинот е откриен во лабораторијата NovoBiotica, фармацевтски стартап, и иако е во рана фаза, има потенцијал како иден терапевтски лек. Микробиологот Ким Луис од Универзитетот Нортистерн е многу оптимистичен за новооткриениот кловибактин и вели дека ова е крај на патот на еволуцијата на отпорноста на антибиотици. Студијата за ова револуционерно откритие е објавена во списанието Cell.

- Advertisement -

Ова е особено значајно поради растечката криза со отпорноста на антибиотици, која е трета водечак причина за смрт во 2019 година и се предвидува дека ќе придонесе за десетици милиони смртни случаи до 2050 година.

Развојот на нови антибиотици е голем предизвик, особено затоа што 99% од видовите бактерии не соработуваат со лабораториските услови на раст. За да го решат тоа Луис и неговиот тим употребиле техника која вклучува продолжен период на инкубација со песочно тло. После три месеци се појавила нова врста бактерија елефтерија терае каролина, од која е изолиран кловибактинот.

- Advertisement -

Бидејчи кловибактинот е изолиран од бактерија која претходно не можела да се одгледува, патогените бактерии претходно не виделе таков антибиотик и немале време да развијат отпорност, појаснуваат научниците.

Кловибактинот делува така што се врзува за фосфатните молекули во клетките на бактериите. Оваа уникатна и непроменлива мета им го отежнува развојот на отпорност кај бактериите. Иако овој механизам се занимава со еден аспект од резистенцијата на антибиотици, сепак не гарантира целосна превенција на отпорноста.

- Advertisement -

Она што е позитивно е што кловибактинот веќе покажа ефикасност против инфекции со бактеријата MRSA кај глувци и покажа нетоксичност за култивирани лабораториски човечки клетки.

(Science Alert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -