НАСА објави фотографија од местото каде што се сруши руското летало на Месечината

- Advertisement -



Американскаѕа вселенска агенција НАСА го идентификуваше точното место каде што се сруши руската мисија Luna 25 на јужниот пол на Месечината.

Фотографиите од кратерот, кој настанал кога се срушило леталото, ги направи уште минатата недела орбитерот Lunar rekonesans orbiter (Lunar Reconnaissance Orbiter, LRO), односно леталото на НАСА кое се наоѓа во орбитата на Месечината.

- Advertisement -

Користејќи податоци кои им ги даде руската агенција Роскосмос, тимот на НАСа го лоцираше најверојатното место на падот. Анализирајќи ги претходните фотографии од истите локации истражувачите забележале нов кратер широк околу 10 метри, за кој се верува деја настанал со падот на Lune 25.

Руското летало не успеа да слета на површината на Месечината во близина на јужниот пол поради проблеми со моторот.

- Advertisement -

(N1)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -