Кинези успешно создадоа човечки бубрег од свински ембриони

- Advertisement -

Научници од Институтот за биомедицина и здравје во кинескиот град Гуангжу успеаја од ембриони од свиња да развијат ткиво на бубрег со доминантно човечки клетки, со што потенцијално го отворија патот кон „производство“ на органи за донирање.

Тимот научници предводен од Лианг Жу Лаи од Институтот за биомедицина из здравје ја објави својата студија во научното списание Stem Cell.

- Advertisement -

Нивниот труд зависел од гаснењето на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas, алатка која често се опишува како генетски ножици. Тоа значи дека амбрионите не развиле свински бубрег и дека настанала празнина во која се вметнати т.н. пулрипотентни човечки матични клетки од папочна врвца.

Така развиените бубрези содржеле повеќе од 1/3 свинкси клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците, кои додаваат дека треба да се нусоврши постапката.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -