Астронаут го сруши рекордот за најдолга вселенска мисија

- Advertisement -

Астронаутот Френк Рубио случајно го сруши рекордот за најдолга временска мисија откако мораше да остане на Меѓународната вселенска станица подолго од планираното поради дефект. Кога тој стигнал на станицата во септември 2022 година, враќањето на Земјата било закажано за шест месеци оттогаш.

Меѓутоа, при возењето назад на Земјата во декември истата година се појавил дефект на капсулата Soyuz, која ги враќала назад, и останал заглавен во ниската орбита на Земјата. Како резултат на тој инцидент Руби ќе помине повеќе од една година во вселената и со тоа го руши светскиот рекорд за најдолга мисија на еден американски астронаут.

- Advertisement -

Во понеделник астронаутот на НАСА ќе го надмине претходниот рекорд од 355 дена во вселената, кој го држи Марк Ванде Хеи од 2022 година. Руби ќе се врати на Земјата најрано на 27 септември годинава и со тоа ќе има поминато 371 ден во земјината орбита и ќе стане еден од само шест луѓе кои поминале една година во вселената.

Иако тоа не било намерно, Руби најдобро го искористува својот продолжен престој во ниската орбита. Тој вели дека овој ненамерен настан им помага подобро да сфатат како се менува и се прилагодува човечкото тело на подолг престој во вселената и ќебиде од исклучителна корист при планирањето на идните мисии на Марс и на Месечината.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Inverse)

Сподели!
- Advertisement -