Бил Гејтс го предвидува најтешкиот период од пандемијата досега

- Advertisement -

Изгледа дека омикорн варијантата на корона вирусот го загрижи Бил Гејтс, американски милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот, повеќе отколку која било друга варијанта. Во низа објави на Twitter соосновачот на Microsoft даде нова оценка за состојбата на пандемијата. Според него, додека омикрон варијантата се шири во светот, идните недели и месеци може да бидат тешки и опасни. И покрај тоа, Гејтс верува дека пандемијата влегува во последната година.

Во текот на последните две години Гејтс стана влијателен глас во глобалниот одговор на пандемијата на корона вирусот, но во годините пред пандемијата тој нагласуваше колку светот не е спремен за глобална здравствена криза од ова ниво.

- Advertisement -

Гејтс нема никакво медицинско образование, не е ни епидемиолог, но преку своето здружение го основаше акцелераторот COVID-19 Therapeutics Accelerator во 2020 година и инвестираше 1,75 милијарди долари во борбата против пандемијата.

Исто така, често разговара со најдобриот американски имунолог, д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести и главен медицински советник на американскиот претседател.

- Advertisement -

Преку своите филантропски активности Бил Гејтс има пристап до најдобрите умови во борбата против пандемијата, а најновата омикрон варијанта на корона вирусот посебно го загрижува.

„Омикрон се шрии побрзо од кој било вирус во историјата, Наскоро ќе го има во сите земји во светот. Останува голема непознаница колку тешко можеме да се разболиме од омикрон. Мора сериозно да го сфатиме тоа се додека не дознаеме повеќе за вирусот. Дури и да има половина полесни симптоми од делта варијантата, тоа ќе биде најлошиот пробој кој сме го виделе досега затоа што е многу зазарен“ напиша Гејтс.

- Advertisement -

„Ако овде постои добра вест, тоа е дека омикрон се шири толку брзо што кога ќе стане доминантен во земјите, бранот треба да трае помалку од три месеци. Тие неколку месеци може да биде лошо, но и понатаму верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата може да заврши во 2022 година. Знам дека сме фрустрирани што се соочуваме со уште една празнична сезона со КОВИд-19 во нашите животи, но нема така да биде засекогаш. Еден ден пандемијата ќе заврши, а колку подобро се грижиме едни за други, толку побрзо ќе дојде тоа време“, порача Гејтс.

(Sputnik)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -