Експериментално лекување со кое сопствени клетки од пацентите се трансплантираат во оштетени делови од белите дробови може да даде нова надеж за болните од хронични опструктивни белодробни болести COPD, објавија научниците.
Тие објавија дека новата прелиминарна студија покажала дека може да се поправи оштетеното белодробно ткиво кај некои болни од KOPB со користење на нивните сопствени белодробни клетки.
COPD е назив за збир од белодробни заболувања како што се хроничен бронхитис, емфизем и хронична опструктивна болест на дишните патишта. Тие предизвикуваат прогресивно оштетување на белодробното ткиво кое не може да се поправи со моменталните методи на лекување.
Лицата со COPD имаат тешкотии при дишењето. Симптомите вклучуваат отежнато дишење, упорно кашлање, чести инфекции на градниот кош и упорно свирење на градите.
COPD е третата водечка причина за смрт во светот, покажуват податоците од Светската здравствена организација и е одговорен за над 3 милиони смртни случаи годишно.
Во прелиминарното испитување учествувале само 20 пациенти. Пациентите изјавиле дека можат подобро да дишат, да се движат повеќе и рекле дека после зафатот имале подобар квалитет на животот. Истражувањето го воделе научници од Универзитетот Тонги во Кина и покажа дека експерите испитуваат дали можат клетките наречени P63 да го регенерираат белодробното ткиво оштетено од COPD.
Новото истражување покажало дека научниците ги земаат тие клетки од белите дробови на пациентите и потоа ги користат за одгледување уште милиони клеткки во лабораторија пред да ги трансплантираат назад во белите дробови на пациентите. Од 20 пациенти, 17 го примиле тој третман.
Биле анализирани после афатот и било утврдено дека сите добро го поднеле лекувањето со клетки. Просечното дишење се подобрило за 12 недели, а уште поголеми промени биле забележани после 6 месеци од третманот. Пред трансплантацијата пациентите можеле да поминат во просек 410 метри, а после зафатот таа бројка се зголемила на просечни 447 метри.
(Zimo)
(фото: Free SVG)