Apple ќе биде карбонски неутрален до 2030 година

- Advertisement -

Во интервју за CBS News извршниот директор на Apple, Тим Кук, ги сподели амбициозните цели на компанијата во поглед на одржливата енергетска иднина на Земјата,. Тој откри дека планираат секоја емисија на јаглерод диоксид при производството да ја надоместат со обновлива енергија и заловување на јаглеродот од воздухот.

Тој вети да ја постигнат таа цел за само седум години отсега и рече дека се надеваат дека другите компании ќе го следат примерот на Apple и ќе преземат слични мерки.

- Advertisement -

“Може да се постигне и тоа може да се направи на начин кој другите нема да може да го копираат, што е многу битно за нас. Сакаме да бидеме најсилна риба во барата и другите да сакаат да не копираат“ вели Кук.

Корпоративните операции, вклучувајќи ги зградите, продавниците и дата центрите, веќе се карбонски неутрални и користат исклучиво обновлива енергија од пред една деценија. Компанијата си има зададено цел за 75% да ја намали емисија на јаглерод во споредба со нивото од 2015 година.

- Advertisement -

Apple има значителни инвестиции во проекти за одржлива енергија, како што се соларната и од ветар. Освен тоа, компанијата се обврза да инвестира во проекти за намалување на карбонската емисија. Apple ги прави своите производи повеќе енергетски ефикасни и користи рециклирани материјали, а дури го намали и отпадот од амбалажа како дел од таквите заложби.

Освен тоа, Apple сака да направи транзиција кон модел на циркуларна економија, каде што произвдите се прават така што може да се поправаат и да се рециклираат, со што ќе се намали потребата за суровини.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -