После неколку години прекин, продолжува изградбата на највисоката зграда во светот

- Advertisement -

Саудиска Арабија веќе подолго време е сон на сите архитекти и градежни компании, кои би дале се за да добијат прилика да проектираат или да градат нешто во земјата која е спремна своето огромно богатство.

Амбициозните планови на оваа држава на Арапскиот Полуостров, која е најголем светски извозник на нафта,вклучуват изградба на облакодер кој ќе се протега на ширина од дури 170 км, како и на изградба на зграда која ќе биде толку голема што во неа ќе собер 20 Емпајер стејт згради. Меѓу нив е и изградбата на облакодерот Jeddah Tower, кој треба да ја симне од тронот моментално највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи.

- Advertisement -

Откако беше довршена во 2010 година, Бурџ Калифа стана највисока зграда во светот со над 150 метри висина. Иако уште не се зне колку ќе биде висок новиот облакодер, познато е дека ќе биде над 1 км. Тоа значи дека ќе биде трипати повисок од Ајфеловата кула и повеќе од дупло повисок од Емпајер Стејт.

Облакодерот го дизајнираше архитектот Адриан Смит до компанијата AS+GG, која е заслужна и за Бурџ Калифа. Изградбата на овој облакодер почна пред 10 години и напредуваше до висина од околу 60 ката, но пред неколку години беше стопирана од непознати причини, а сега дојде време да продолжи изградбата.

- Advertisement -

Јeddah Tower има релативно едноставна триаголна форма, која е инспирирана од пресувањето листови од пустински билки. Облакодерот треба да ги издржи силните ветришта кои се јавуваат на таквите висини. Во внатрешноста ќе има површина од 530.000 квадратни метри, а ќе биде опремена со 59 брзи лифтови, од кои 5 ќе бидат двокатни.

Засега уште не е познато кога треба да биде довршен Јeddah Tower.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -