Објавена листа со најдобрите градови за дигитални номади во Европа

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека се проценува оти во светот има околу 35 милиони дигитални номади, кои работат во различни делови од светот, треба да се слушнат кои се нивните потреби и размислувања. Страницата „A brother abroad”, која објавува содржини наменети за дигитални номави, секоја година објавува испитување за омилените дестинации за дигиталните номади.

Најголем дел од дигиталните номади имаат околу 30 години, а 85% од нив патуваат повеќе од една година. Повеќето (66%) остануваат на едно место од 3 до 6 месеци, а дури 83% се самовработени. Над половина од нив работат на полето на маркетингот, равој на апликации, како дизајнери, писатели или експерти за е-трговија.

- Advertisement -

Кога го бираат местото каде што работат, најбитен фактор им е интернетот. Потоа следуваат безбедноста на локацијата, пристапот до природа, едноставното добивање виза, а интересно е тоа што најмалку им е битна компаниската култура.

Но, посебно е интересно да се види каде сакаат да престојуваат дигиталните номади. Мексико моментално има најмногу дигитални номади (14%), a потоа следуваат Тајланд и Португалија. На листата со топ 10 најпривлечни земји за дигиталните номади, Хрватска е рангирана како топ локација на Балканот и во Источна Европа. Интересно е и тоа што 9 од 10 најпожелните локации за дигиталните номади се крајбрежни земји и имаат БДП по жител помал од просечниот буџет на дигиталниот номад.

- Advertisement -

SuperCasino Sites отиде чекор понапред и состави листа со најпожелните европски градови за дигиталните номади. При анализата, покрај главните фактори како изорот на место за живот и работа, се фокусирале и на локалните цени на храната, јавниот превоз и интернетот. Врз база на тие податоци составија листа со најдобрите градови за живот на дигиталните номади.

1.Краков, Полска
Градот е лесно пристапен преку воден пат, а има и широка мрежа од автобуси и трамваи. Јавниот превоз е пристапен, но тоа не е она што прави тој да биде прв на листрата. Најбитниот фактор а тоа е евтината храна, а потоа и пристапното сместување и безбедноста и трошоците за интернет.

- Advertisement -

2.Рига, Латвија
Рига има многу ниска станарина, хранат и превозот се доста евтини, а во градот и во околината има многу работи да се видат и да се прават.

3.Будимпешта, Унгарија
Ова е совршено место за дигиталните номади поради евтините интернет и мобилни пакети. Освен тоа, Унгарија во 2022 година воведе дозвола за престој за дигитални номади која на граѓаните од трети земји им дозволува престој до една година се додека работат за странска компанија.

4.Прага, Чешка
Покрај прекрасната ахритектура и историскитеместа, Прага има и релативно ниски трошоци за живот , практичен јавен превоз ид одлична покриеност со интернет.

5.Дубровник, Хрватска
Хрватската влада во 2021 година донесе посебни визи за работници надвор од ЕУ, што на дигиталните номади им овозможува да живеат и работат до една година, а истовремено се ослободени од данок на доход.

6.Талин, Естонија
Овој град е комбинација од богата историја и успешен технолошки сектор. Исто така, Талин усвои паметни технологии и има безсплатен Wi-Fi речиси секаде во градот. Естонија е и една од првите земји кои дозволија и регулираат работа на далечина, а во 2020 година стартуваше и дигитална номадска виза.

7.Валенсија, Шпанија
8.Лисабон, Португалија
9.Мадрид, Шпанија
10.Валета, Малта

(Zimo)

(фото:Flickr )

Сподели!
- Advertisement -