Научници пронајдоа ново моќно оружје во борбата против акните

- Advertisement -

Иновативен третман за акни, воспалителна состојба на кожата која ја имаат милиони луѓе во светот, наскоро ќе им го олесни животот. Обичните акни се предизвикани од прекумерен раст на бактеријата ситибактериум акнес, што резултира со непријатни мозолчиња. Вообичаените третмани против акните како што се антибиотиците или растворите на база на хормони често имаат нуспојави или ја губат ефикасноста бидејќи бактериите се прилагодуваат на нив.

Меѓутоа, новата терапија го користи антибиотикот нарасин, кој вообичаено се користи за спречување инфекции кај добитокот. Изгледа дека ситибактериум акнес нема развиено отпорност на него. Научниците од Универзитетот Јужна Австралија, Универзитетот Аделаид и Универзитетот Екс-Марсеј спроведоа студија која ја покажа ефикасноста на нарасин против патогените во лабораториски услови.

- Advertisement -

Освен тоа, тие го истражија потенцијалот за достава на наночестички за подобрување на лекувањето. Со инкапсулација на антибиотикот во нано капсули, кои се илјада пати потенки од влакната на човечката коса, тој антибиотик би можел да продре длабоко во кожата ако се помепа со вода. Тој систем на испорака на наночестички ја подобрува растворливоста за над 100 пати.

Нарасинот во нано капсули бил поефикасно испорачан до целните места со акни за разлика од обичните водени раствори со нарацин, кои не успеваат да продрат низ слоевите на кожата.

- Advertisement -

Додека во почетните експерименти била користена кожа од свинско уво, крајната цел е таргетирање на фоликулите на влакната и лојните жлезди, каде што е најповолна средина за ситибактериум акнес. Првите индикации сугерираат дека гел од наночестичките на нарасин може ефикасно да се бори против бактерии на тие места кај луѓето.

Освен тоа, гелот кој го направиле научниците останал стабилен на собна температура во период од четири недели, што укажува на спремноста за употреба.

- Advertisement -

Студијата за ова револуционерно истражување е објавена во списанието Nanoscale.

(Zimo)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -