ОАЕ ќе предизвикуваат обилни дождови со помош на дронови

- Advertisement -

Во Обединетите Арапски Емирати ќе се обидат со дронови да поттикнат обилни дождови. Со оглед на тоа дека се наоѓаат во пустина, дождот во Емиратите е ретка појава. Годишната количина дожд која паѓа е многу мала. Поради тоа надлежните се приморани да најдат начин за да обезбедат доволно дожд.

За таа цел одлучија да користат и беспилотни летала кои ќе се катапултираат по потреба. Осмислени се и конструирани така да предизвикуваат електрични набои во облаците со цел да ја зголемат веројатноста да падне дожд.

- Advertisement -

Станува збор за група научници од британскиот Универзитет Ридинг од 2017 година, а леталата моментално се тестираат во близина на Дубаи. Како крајна цел се истакнува тестирањето дали оваа технологија може да се искористи за предизвикување обилни дождови во делови од светот каде што има ретко дожд.

Истражувачкиот тим прво истреажувал како се однесуваат облаците и утврдиле дека се поголеми шансите да падне дожд коха во облаците има многу позитивен и негативен електричен набој. Понатаму, мнгоу е битна големината на дождовните капки. Тоа е посебно битно во Емиратите, каде што облаците се наоѓаат многу високо и каде што температурите на воздухот се многу високи. Затоа се обидуваат да направат капки кои е доволно големи за кога ќе очнат да паѓаат да стигнат до повшрината на земјата. ОАЕ обезбедиле 1,5 милиони долари за развој на вакви дронови.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -