Ден на органска храна во сабота во Скопје

- Advertisement -

Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“ ВЕ ПОКАНУВА на еднодневна манифестација „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“.

Манифестацијата се организира на 23 септември 2023 година (сабота) со почеток во 18 часот во населбата Ѓорче Петров (до новата општинска зграда).  
На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и Дејан Арсов, претставник на Здружението „Еко Партнерс“.

Здружението „Еко Партнерс“, со оваа манифестација, која ја организира по четврти пат, го одбележува Европскиот ден на органската храна во рамки на кампањата „Дојди, види, вкуси“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На настанот ќе изложуваат производители на органска храна, ќе има презентации на вина и производители на крафт пиво. Настанот е од отворен карактер и посетителите ќе можат да вкусат домашни органски производи.
Присутните на настанот ќе ги забавуваат музичкиот вокал Агни Авшар и бендот Brainfreezers

Сподели!
- Advertisement -