Њујорк повторно е најголем финансиски центар во светот

- Advertisement -

Њујорк остана најголемиот финансиски центар во светот, додека Лондон ја задржа втората позиција, иако има силна конкуренција од Синагопур и Хонгконг, покажа Global Financial Centres index.

Њујорк ја држи челната позиција од 2018 година и годинава останува на врвот со 763 поени базирани на истражување на 147 фактори во 121 центар добиени од трети страни, вклучувајќи ги Светска банка, ОЕЦД и Обединетите нации.

- Advertisement -

Лондон малку го намали јазот кој го дели од Њујорк со вкупно 744 поени, што е олеснување за многумина кои беа загрижени дека ќе трпи последици после Брегзит, кога многу компании како британскиот дизајнер на чипови Arm Holdings одлучија да се префрлат во Њујорк.

Сингапур, пак, е само 2 поени зад Лондон (742) и само еден поен пред Хонгконг, кој е на четврта позиција. Оваа ситуација само навестува дека можеме да очекуваме жестока битка за втората позиција на индексот идната година.

- Advertisement -

Индексот се мери секои шест месеци од страна на лондонскиот тинк тенк Z/Yen и Кинескиот институт за развој.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -