Во октомври, месецот посветен на подигање на свесноста за сајбер безбедност на светско ниво, А1 Македонија со големо задоволство ја најавува новата промоција за сите деловни корисници поврзана со A1 Cyber Backup услугата. Со оваа промоција, бизнис корисниците имаат можност да ги заштитат своите податоци и да добијат 3 месеци бесплатен пробен период, при потпишување на договор со времетраење од 12 месеци.
“Настојувањето да бидеме лидер во дигиталниот свет, ние во А1 Македонија го докажуваме со константно и посветено креирање и обезбедување најнови дигитални услуги и ИКТ решенија за нашите деловни корисници и со тоа ја исполнуваме нашата мисија да помогнеме на бизнисите во Македонија да ги постигнат своите цели за дигитална трансформација. Свесни за ризиците поврзани со сајбер заканите и посветени да обезбедиме пристап за нашите корисници до најдобрите можни решенија ја воведуваме промоцијата 3 месеци бесплатен пробен период за основните A1 Cyber Backup пакети. Со ова сите деловни субјекти, од мали и семејни фирми до најголеми корпорации, можат на брз и едноставен начин да ги заштитат своите податоци од хакерски напади и едноставно да ги реставрираат заштитените податоци кои биле нападнати со ransomware. Дополнително, нашиот тим експерти се на располагање за да обезбедат поддршка на секој чекор од патот за користење на овие услуги, со што процесот на имплементација на нашите решенија е многу полесен и поедноставен “, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Основната A1 Cyber Backup услуга овозможува безбедно креирање и управување со резервни копии на податоците, и со тоа спречува загуба на податоците и изложеност на загуби поради ransomware напади. Покрај промотивните основни A1 Cyber Backup пакети со три месечен пробен период, корисниците исто така можат да ја надградат својата сајбер заштита и со дополнителни A1 Cyber Backup Advanced пакети, кои овозможуваат дополнителна заштита од хакерски напади, дополнителни функционалости за backup на податоците, и напредни функции за управување со заштитата на уредите со што корисникот добива и заокружена безбедносна заштита и централизирано управување со заштитата на податоците