Англија го забрани пластичниот прибор за една употреба

- Advertisement -

Во Англија вчера стапи на сила забраната за пластични чинии и прибор за јадење за еднократна употреба и одредени видови полистиренски чаши, пренесува Скај њуз.

Ова следи по сличната одлука на Шкотска која беше донесена минатата година, додека забраната во Велс се очекува кон крајот на овој месец.

- Advertisement -

Забраната, исто така, вклучува пластични послужавници за еднократна употреба, чинии и стапчиња за балони, а владата изјави дека целта е намалување на загадувањето со пластика.

Според проценките, во Англија се користат 2.7 милијарди парчиња прибор за еднократна употреба, од кои повеќето се пластични и 721 милиони чинии, но само 10% се рециклираат.

- Advertisement -

Дополнително, еден човек просечно користи 37 парчиња прибор за една употреба и 18 пластични чинии за една употреба секоја година.

Извор – Радио МОФ
Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -