Македонското индустриското производство со пад од 5,1%

- Advertisement -

Индустриското производство во август годинава во однос на август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на периодот лани е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во август годинава во однос на август лани, индустриското производство бележи опаѓање во секторите Рударство и вадење на камен, од 8,5 проценти, и во Преработувачка индустрија,  од 5,5  проценти, а пораст во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5,7 проценти.

- Advertisement -

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Сподели!
- Advertisement -