Почнува наплатата на социјалните мрежи – еве колку ќе чинат TikTok, Facebook и Instagram

- Advertisement -

Она за што се зборува со години изгледа наскоро може да стане реалност и за најпопуларните социјални мрежи да се плаќа месечна претплата. За тоа неодамна се зборуваше за апликациите на Metа, Facebook и Instagram. Од компанијата на Цукерберг тогаш не ги потврдија гласините, но сега на мрежите се појавија нови гласини дека компанијата навистина размислува во тој правец и подготуваат претплата.

Според Reuters, Meta месечно би наплатувала 10 евра за верзијата на Facebook или Instagram за компјутер и дополнителни 6 евра за дополнителен поврзан профил. На мобилните уреди таа претплата би била уште поголема – 13 евра месечно, затоа што Meta би морала да плаќа провизија за продавниците за апликации на Apple и на Google. За таа цена корисниците би добиле пристап до верзии на Facebook и Instagram на кои нема огласи. Наводно, од Metа ги известиле европските регулатори дека месечната претплата за европските корисници ќе започне во текот на наредните неколку месеци. Но, уште ништо не е сигурно.

- Advertisement -

За воведување претплата не размислуваат само Facebook и Instagram, туку на сличен начин размислуваат и во TikTok, каде што изгледа веќе почнале со тестирање на претплатата. Така, на страницата Android Authority велатр дека на дел од корисниците почнале да им се прикажуваат известувања за претлата и таа опција моментално се тестира само во САД. Според тие информации, цената на TikTok ќе биде попристапна во однос на Metа и ќе изнесува 4,99 долари месечно.

На оние кои нема да сакаат претплата и понатаму ќе им бидат достапни бесплатните стандардни верзии во кои ќе има огласи персонализирани вез основа на нивните активности на мрежата.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -