Почнува вториот циклус на Smart Start – студентска програма на Македонски Телеком. Ова е можност, а воедно и предизвик за професионален развој и практично искуство за студентите коишто ќе работат на конкретни проекти под лидерство на врвни професионалци.
Програмата е наменета за студенти од втора година до крајот на дипломските студии, како и за постдипломците, и се состои од 14 атрактивни проекти од областа на дигиталната трансформација. Опсегот на теми е широк и опфаќа повеќе деловни области: техника, ИТ, економија, маркетинг, е-бизнис, комуникации, аналитика на податоци, управување со производи итн.
Со учество во проектите, студентите ќе создаваат напредни дигитални услуги со врвна технологија, но ќе учат и агилно работење и дизајнерско размислување, коишто се високо ценети на пазарот на трудот. Со Smart Start, младите имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во една голема интернационална компанија којашто е лидер во својата индустрија, но и да ја почнат својата кариера во Телеком. Програмата нуди извонредни можности и отвора простор за развој на млади талентирани кадри.