SpaceX објави деталите за Starlink за мобилни телефони

- Advertisement -

Компанијата SpaceX преку интернет страниците посветени на Starlink откри повеќе детали за своите планови за сателитската услуга наменета за мобилни телефони.

Новата страница за “Starlink Direct-to-Cell ветува сеприсутна покриеност со кули за мобилни телефони кои се наоѓаат во вселената, а која ќе функционира преку стандардна LTE мрежа. Според моментално достапните информации, текстуалната услуга ќе биде достапна во 2024 година, а гласовните и податочните и IoT слугите во 2025 година.

- Advertisement -

Денес за поврзување на мобилните со сателити потребен е огромен наменски изграден хардвер како стари мрежни телефони. Ако е потребно само испраќање пораки во итни ситуации, Apple ја нуди таа опција, но бара присуство во прозорци за поврзување, држење телефон во рака и следење апликации поради сигнали. Меѓутоа, Starlink сака да понуди целосна поврзаност со обичниот хардвер за смартфони.

Starlink во овој проект се здружи со компанијата T-Mobile, која ќе го остави настрана својот дел од 5G спектарот з да го користат Starlink сателитите од наредна генерација. За возврат, Starlink ќе им овозможи на мобилните телефони на T-Mobile да пристапат до сателитската мрежа давајќи му на провајдерот речиси целосна покриеност во САД.

- Advertisement -

Целта на директорот на SpaceX, Илон Маск, е никаде во светот д нема мртви зони за мобилни телефони.

(Klux.ba)

Сподели!
- Advertisement -