Неодамна спроведената анкета меѓу корисниците на социјалната мрежа Blind покажа дека извршниот директор на компанијата Nvidia, Јенсен Хуанг, е напопуларниот извршен директор во светот. Целта на анкетата била да се дознае задоволството на вработените од своите шефови, односно, како што беше наведено во прашалникот, дали вработените го одобруваат начинот на кој управуваат извршните директори со компаниите и како ја вршат својата работа.
Првото место на таа листа го зазеде Јенсен Хуанг, како извршен директор за кој вработените најмногу веруваат во начинот на кој ја води компанијаѕа. Тој доби најголем процент одобрување на начинот на кој ја води компанијата, и тоа од дури 96%. Еден од коментарите кои најдобро го опишуваат Хуанг, а го напиша еден вработен во Nvidiа на Blind, е: „Тој ја предвиде вештачката интелигенција пред повеќе од десет години. Целосно му верувам. Исто така, кога минатата година летаа откази во многу технолошки компании, а Nvidia не работеше во склад со очекувањата, Хуанг не само што вети дека нема да отпушти никого, туку некои вработени добија и покачување на плата“.
На листата со топ пет најдобри извршни директори во светот е уште едно добро познато лице. Станува збор за Тим Кук, кој е на четвртата позиција со одобрување од 83%, а пред него се наоѓаат Даг Мекмилон од Walmart со 88% и Никеш Арпра од Palo Alto Networks со 84%.
Овие бројки покажуваат висок степен на доверба во нив, како и во нивната способност да ги водат компаниите во едно секогаш турбулентна и динамична работна средина. Од друга страна, постојат и луѓе кои не само што немаат доверба од вработените, туку никој не го одобрува нивниот начин на работа.
Најмалку популарен е извршниот директор на Western Digital, Дејвид Гекелер, а по него и Ерик Нордстром од Nordstrom. Нешто подобра е Линда Јакарино од Twitter, односно X со 4% доверба. а са,п 3% од вработените во Snap го поддржуваат Еван Шпигел.
(Blind)
(фото: Flickr)