Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори:
- Агро производство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук)
- Лесно производство – Облека и текстил и Преработка на дрво и производство на мебел
- Влезен туризам за следниве видови туризам: екотуризам, рурален туризам и авантуристички туризам
Проектот „Дигитално подготвени за е-трговија”, поддржан од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), а спроведуван во соработка со Албанската асоцијација за е-трговија има цел да ги унапреди дигиталните вештини на вкупно 60 избрани учесници од двете земји кои доаѓаат од одбраните три сектори, и да им помогне да отворат дополнителен канал за продажба, преку поврзување со локалните веб платформи за е-трговија.
Одбраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат на три едукативни тренинг сесии со физичко присуство, кои ќе бидат адаптирани според нивните специфични потреби, а по завршување на сесиите учесниците ќе имаат можност да бидат поврзани со локалните постоечки веб платформи за е-трговија, и да започнат со онлајн продажба на нивните производи и услуги преку отварање на е-продавница.
Аплицирањето е бесплатно и се одвива онлајн преку веб-страницата на АЕТМ на следниов линк. Аплицирањето за учество во програмата ќе трае до вторник, 24 октомври 2023, 23:59 часот. Учесниците ќе бидат избрани од страна на тричлена комисија, составена од експерти за е-трговија, која индивидуално ќе ги оценува апликациите.
Оваа иницијатива им дава можност на избраните учесници да го зајакнат своето онлајн присуство и да ги унапредат своите вештини, знаења и компетенции потребни за раст во дигиталната ера.
АЕТМ преку овој проект ги потврдува своите интензивни заложби за раст на е-трговијата во Македонија и регионот, преку соработка со домашните и регионалните бизниси, помагајќи им да се стекнат со квалитетна едукација, воспоставување на онлајн присуство и размена на најдобри практики, се со цел зголемување на нивната проджаба и искористување на целосниот потенцијал за раст.
Сите подетални информации поврзани со јавниот повик се достапни овде.