Cruise, General Motors Company (GM) и Honda Motor Company склучија договор за партнерство со цел основање заедничка компанија која ќе работи со такси услуги со автомобили без возачи во Јапонија на почетокот на 2026 година. Новата такси услуга ќе ги користи Cruise Origin возилата без возач, кои заеднички ги создадоа GM, Cruise и Honda, а ќе собира клиенти на одредено место и ќе ги носи до крајната дестинација со целосно автономно возење. h3
Корисниците ќе повикуваат такси преку апликација на својот телефон и ќе можат на тој начин да го комплетираат целиот процес – од повикување до плаќање.
Cruise Origin е автономен автомобил без возачко седиште и волан. Има голем простор во кабината и може да биде и приватен како возило во приватна сопственост. Во автомобилот може да се возат шест патници кои ќе се гледаат лице во лице.
Оваа услуга за превос без возач ќе понуди сосема ново искуство во Јапонија и ќе таргетира широк дијапазон на корисници, вклучувајќи бизнисмени, семејства, посетители и сл.
Трите компании планираат оваа услуга да ја лансираат во центарот на Токио на почетокот на 2026 година, Услугата ќе почне со десетици Cruise Origins возила, а потоа ќе се прошири на флота од 500 автомобили. Компаниите планираат подоцна услугата да ја прошират и надвор од центарот на Токио.
(Vidi.hr)
(фото: GM)