Синџирот ресторани за брза храна McDonald’s објави дека ги исфрла од употреба своите McFlurry лажички во замена за поодржлива варијанта. Тие почнуваат исклучиво да ги сервираат своите десерти со црна лажичка со цел да се намали потрошувачката на пластика за еднократна употреба.
Оригиналната McFlurry лажичка има шуплива рачка која се прицврстува на машините за сладолед на McDonald’s за десертот да се измеша пред да се даде на купувачите.
Оваа мала промена ќе помогне да се намали пластичниот отпад за еднократна употреба во рестораните, додека на купувачите ќе им го даде истиот вкусен McFlurry кој го познаваат и го сакаат, велат од MсDonald’s.
Со цел да ја намали емисијата на штетни гасови синџирот замени и некои од пластичните играчки во Happy Meal со 3Д хартиени производи кои децата можат сами да ги конструираат и се сврте кон рециклирана амбалажа за некои од своите производи.
Покрај тоа, McDonald’s претходно годинава тестираше капачиња без сламки во некои американски градови, а синџирот неодамна најави и дека во 2032 година ќе ги елиминира самоуслужните машини за сок.
(Bizlife)
(фото: Yahoo)