Чадот од шумските пожари по прв пат во историјата стигна и до Севериот Пол

- Advertisement -

По прв пат во историјата чадот од шумските пожари го достигна и Северниот пол, што прикажа уште пострашна слика за реалноста на климатската криза. ЛЧадот доаѓа од страшните шумски пожари во регионот на Сибир, пространата област која е позната по екстремно ниските температури и суровата животна средина.

Чадот можел да се види на сателитски снимки кои ги направи НАСА, а се движел на север од Република Сака во Сибир. Вкупно 3.200 км од исток до запад и 4.000 км од север на југ се покриено со густ чад. Чад од пожарите се гледа и во Монголија и во северна Кина.

- Advertisement -

Иако шумските пожари не се невообичаени во тој регион, невообичаено е да се со толкави размери и да се толку опасни.Сибирскиот регион изминатите недели забележа невообичаено високи температури на почвата од околу 48 степени Целзиусови и температура на воздухот од околу 32 степени Целзиусови.

Изминатите години слушавме и предупредувања дека се топи трајниот лед на Сибир или пермафрост. Тоа е заледена површина која постои со илјадници години. Експертите за клима се особено загрижени поради гасовите кои ќе се испуштат во атмосферата ако се истопи тој мраз. Научниците се загрижени и дека во мразот се заробени и некои вируси и бактерии кои може да предизвикаат нови пандемии во светот на болести кои човекот не ги видел претходно.

- Advertisement -

(Thinking Humanity)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -