Научниците идентификуваа стопен слој во внатрешноста на Марс

- Advertisement -

Нови сезимички податоци укаѓуваат на присуство на досега непознат слој на растопени камења кои го опкружуваат течното метално јадро, кое, пак, е помало и погусто отколку што се проценуваше претходно.

Брановите генерирани од потресите, вклучувајчи ги и тие предизвикани од удари на метеорити, се разликувата во брзина и форма кога патуваат низ различни материјали во планетите.

- Advertisement -

Податоците од сеизмометарот на InSight овозможија да дојде во фокус внатрепната структура на планетата. Ударод метеорит кој се случил во планинскиот предел на Марс наречен Темпа Тера на 18 септември 2021 година предизвикал потрес со магнитуда од 4,2 оставил кратер со ширина од околу 130 метри. Тоа се случило од спротивната страна од локацијата на InSightч

Овој удар бил билтен затоа што предизвикал сеизмички бранови кои поминале низ длабоката внатрешност на планетата, вклучувајќи го и јадрото. Претходно не биле забележани такви бранови кои поминуваат низ јадрото. Однесувањето ан тие бранови покажало дека нешто недостасува во претходните проценки за внатрешноста на Марс – истопен силикатен слој дебел околу 150 км, кој го опкружува јадрото. Тој растопен слој се наожа на дното на внатрешниот дел од планетата.

- Advertisement -

Научниците повторно ја пресметале големината на јадрото на Марс и откриле дека има дијаметар од околу 3350 км, со волумен околу 30% помал отколку што се мислело претходно. Тие велат дека карпестиот слој меѓу кората и јадрото на планетата се протега на околу 1.700 км под површината.

За разлика од Марс, Земјата нема стопен слој околу своето јадро. Една од двете студии објавени пред неколку дена покажаа дека тој слој кај Марс е целосно растопен. Тој слој во основа се состои од силикати, кои се збогатени со железо и радиоактивни елементи кои произведуваат топлина во споредба со горниот цврст слој.

- Advertisement -

Јадрото на Марс се состои главно од железо и никел, но има и некои полесни елементи како сулфур, кислород, јаглерод и водород.

Студијата за ова истражување е објавена во списанието Nature.

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -