Вселенската сонда која ја набљудува планетата Марс ос орбитата сними нешто што многу наликува на дрвја во близина на северниот пол на Црвената планета. Сега веројатно многумина се запрашаа дали завршија шпекулациите за постоење живот на Марс кога по интернет почнаа да кружт фотографии кои ги направи сондата Mars Reconnaissance.
Фотографиите направени во близина на северниот пол на Марс во 2010 година покажуваат структури кои многу потсетуваат на дрвја, но кога научниците ги прегледаа, утврдија дека станува збор за оптичка измама.
Северниот пол на планетата е прекриен со вечен мраз од смрзнатиот јаглерод диоксид, односно т.н. сув лед, слично како што половите на Земјата се оокриени со мраз. Така, околу заледениот северен пол на Марс има дини кои личат на песочните дини во пустина, но се прекриени со тенок слој на прашина и дамки од сувиот лед. Како што сувиот лед се топи, на површината го турка темниот базалтен песок.
Напролет на Марс, Сонцето го загрева мразот и доведува до сублимирање диркетно во пареа, а настанатиот гас ја отстранува околната прашина и честичките песок и излегуа темниот базалтен песок, објаснуваат од НАСА.
Иако тие темни линии личат на дрвја, всушност не се исправени вертикално, туку лежан на Земјата. Нашиот мозок ги перципира како исправенизатоа што фотографијата навистина потсетува на дрвја.
Што се однесува на дрвјата или другите форми на живот на Марс, до денес не постојат цврсти докази за каква било марсовска биологија во минатото или сегашноста.
(Space.com)
(фото: NASA)