Со апликацијата Uber сега може да се нарачаат роботски такси

- Advertisement -

Корисниците на Uber во рамките на апликацијата добија нова и прилично футуристичка опција при нарачувањето превоз. Имено, отсега може да се нарача и автономно возило, односно роботско такси. Оваа опција засега е достапна само на ограничена територија и барем во блиска иднина нема да се прошири насекаде.

Корисниците на Uber ќе можат да нарачаат роботско такси во одредени делови од Феникс, при што нема да дојде да ги земе возач на Uber, туку возило на Google, односно Waymo. Uber и Waymo уште во мај договорија стратепко партнерство, со кое се поставија темелите за апликацијата на Uber да може да се користи за нарачување на автономно возило на Waymo.

- Advertisement -

Кога во апликацијата ќе повикаат UberX, Uber Green, Uber Comfort или Uber Comfort Electric, ќе им се појават достапните возила, а меѓу нив и роботските такси на Waymo. Кога автономниот автомобил ќе дојде до лицето кое го нарачало, ќе може да го отклучи преку апликација, а имаат и корисничка поддршка.

Се рзбира, тие што не сакаат, не мора да го користат ваквиот вид на превоз, но ако им веруваме на Waymо, нивниот т.н. Waymo Driver е најдобриот возач на светот. Имено, тие нагласуваат дека истражувањата и статистиките покажале дека компјутерите кои управуваат со таквите возила се подобри возачи од луѓето. Тие се придржуваат до ограничувањата на брзината и сообраќајните правила, се докажаа во реални услови на патиштата возејќи милиони километри, како и во симулирани услови. Исто така, искуството од тестирањето во Феникс е исклучително позитивни и десетици илјади луѓе сега ги користа автономните возила секој месец.

- Advertisement -

Освен во Феникс, автономните возила на Waymo ќе бидт достапни и во Сан Франциско и се тестираат во Лосн Анџелес, а идниот град во кој ќе почнат да се тестираат е Остин.

(9to5google)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -