ВИДЕО: Римац вечерва претставува целосно нов електричен велосипед

- Advertisement -

Три години по претставувањето на последниот електричен велосипед Greyp и речиси шест години по претставувањето на првиот модел со кој го одушевија светот, Мате Римац и екипата од Greyp Bikes ќе претстави нов Greyp.

Во центарот на Загреб во просториите на HDLU, Rimac и екипата ќе покажат велосипед кој, според нив, треба да биде нешто сосема ново. Иако не изнесоа премногу информации, познато е дека новиот Greyp G6 ќе има поинаква рамка од старите модели направена од карбонски влакна и ќе биде поставена околу погонскиот мотор. 

- Advertisement -

Исто така, ќе биде полесен и поелегантен од претходните верзии. Новиот модел G6 ќе тежи помалку од 26 кг, а ќе постигнува голема брзина. Колкава ќе биде максималната брзина на велосипедот ќе дознаеме вечер. G6 ќе биде опремен со бројни сензори и камери од предното и задното светло и постојано ќе биде конектиран на Интернет.

 

- Advertisement -

Освен што го развиваа новиот велосипед, од Greyp Bikes се позанимава со развој на нова мобилна апликација која ќе разменува податоци со самиот G6. Од Greyp Bikes најавуваат дела Greyp G6 ќе биде сосема ново корисничко искуство.

- Advertisement -

Велосипедот ќе ги има препознатливите бела и жолта боја, но уникатниот дизајн ќе привлекува внимание и кога нема да се движи. Како ќе изгледа новиот G6 можете да видите од фотографиите и видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -