Старите пелени за бебиња може да се рециклираат во медицински производи

- Advertisement -

Супер апсорбирачките полимери се основен дел од модерните пелени за бебиња затоа што можат да задржуваат многу течности, односно урина. Тие полимери се направени да ја апсорбираат влагата и да спречуваат протекување. Но, тие се и многу голем загадувач на животната средина затоа што секоја година 2 милиони тони стари пелени се согоруваат или завршуваат на депонија затоа што токму тој супер апсорибрачки материјал наречен содиум полиакрилат е тежок за рециклирање.

Сега една нова студија покажа дека тие може да се рециклираат. Супер апсорбирачкиот материјал e содиумова сол на полиакрилна киселина и во хемиската структура има долги низи на акрилни киселински единици. За жа, водата не ги раствора полимери во содиум полиакрилатот, исто како и високите температури. Материјалот може само да се стопи за да се пренамени за нешто друго.

- Advertisement -

Сепак, после околу 16 часа изложеност на 80 степени Целзиусови, киселините ги кинат тие низи од полимери и овозможуваат рециклирање. Поради сложеноста и високите трошоци, супер апсорбирачките полимери ретко се рециклираат.

Но, сега истражувачи од Институтот за биолошки и хемиски системи, Институтот за биолошки интерфејс и Институтот за хемиска технологија и полимерна хемија успеаја да ги разложат полимерите со помош на ултравиолетова светлина и вода.

- Advertisement -

Врските кои ги формираат полимерите се кинат со светлината. Потоа тие се толку слаби што пливаат во водата и се претвораат во течни влакна, велат научнциите. Овој метод со ултравиолетова светлина се покажал 200 пати поефикасен од методот со користење киселина.

Старите пелени со новиот метод биле трансформирани во нови лепаци и бои. Освен тоа, соларната енергија може да се искористи за процесот на рециклирање да се направи поеколошки и поевтин, што значи дека е потенцијално решение за отпадот од пелени ширум светот.

- Advertisement -

Иако истражувачите користеле нови пелени во нивните експерименти, супер апсорбирачкиот материјал може да се отстрани и од користени пелени.

Студијата е објавена во ACS Publications.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -