ЕБОР и Комерцијална банка oбезбедија кредит од 1 милион евра за енергетска ефикасност на станбени објекти

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со доделување кредит во износ од еден милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF.

Средствата ќе бидат достапни за еколошки инвестиции во станбени објекти. Ова ќе вклучи инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во приватни живеалишта и згради.

- Advertisement -

„Ни претставува задоволство да ги прошириме нашите зелени активности во Северна Македонија и да ѝ посакаме добредојде на Комерцијална банка Скопје во користењето на оваа програма. Поддршката на зелените инвестиции е еден од нашите клучни приоритети и драго ни е што најголемата македонска банка се приклучува во овие залагања. Во таа насока, надминувањето на корона вирусот и изградбата на економијата остануваат во нашиот фокус. Зеленото обновување е еден од начините за заздравување на економијата, а овој кредит е чекор во таа насока“, изјави Анди Аранитаси,претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Комерцијална банка е петта банка која се приклучува кон GEFF Програмата во Северна Македонија, која е дел од Програмата за финансирање на  зелена економија на ЕБОР во износ од 85 милиони евра наменета за Западен Балкан. Истата е промовирана во 2017 година и претставува заедничка иницијатива на Европската Унија, австриското Федерално министерство за финансии и земјите кои ја примаат оваа помош од Програмата за инвестирање на Западен Балкан -WBIF .

- Advertisement -

Од ноември 2020 година, поддршката преку GEFF во Северна Македонија стигна во скоро 1.600 домаќинства и пласираше кредити од износ од над 11 милиони евра за индивидуални проекти кои придонесуваат во заштеда на над 7 милиони kWh енергија и намалување на испуштањето над 3.000 тони јаглероден диоксид на годишно ниво. Најчесто финансираните технологии се вратите и прозорците, изолација и термални пумпи.

GEFF се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан-REEP plus, финансирана од ЕУ и имплементирана од ЕУ во партнерство со Секретаријатот за енергетска ефикаснсот. REEP plus пружa поддршка и во политиките за хармонизација на законодавството за енергетска ефикасност на Северна Македонија и регулативите за енергетска ефикасност, согласно релевантните директиви на ЕУ.

- Advertisement -

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 137 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.

Сподели!
- Advertisement -