Астрономи по прв пат директно набљудуваа судир на две огромни планети

- Advertisement -

Во огромното вселенско пространство, на околу 1.800 светлосни години од Сончевиот систем, неодамна се случи нешто што ретко имаат прилика да го набљудуваат астрономите. Две колосални планети во оддалечен ѕвезден систем се судрија, што резултираше со нивно распаѓање и создавање на сјаен состаток кој по формата наликува на крофна со дупка на средината.

Станува збор за првото директно набљудување на судир на планети и непосредните последици од тој судир. Двете планети биле доста масивни и по големината слични на Нептун. Кружеле околу своите две матични ѕвезди на оддалеченост отприлика колку шт е Јупитеровата орбита оддалечена од Сонцето. Судирот ги претворил во растопена урнатина и создала масивна топка од пареа на силициум диоксид, околу 7 пати поголема од нашата планета.

- Advertisement -

Одблиску тоа веројатно бил впечатлив призор, со цврстите јадра на планетите кои исфрлаат камења и рушевини во вселената. Во центарот на тој вртлог имало зажарен остаток, кој постепено се формирал во прстен кој ја ппркужувал ѕвездата. Овој прстен има температура од приближно 700 степени Целзиусови, што сугерира дека планетите биле богати со водена пареа, слично на ледените планети како Нептун и Уран. Тие остатоци на крајот би можеле да се кондензираат во нова планета, веројатно со повеќе сателити околу неа, во текот на наредните неколку илјади години.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -