Најскапата српска ракија во светот продадена за 15.000 евра

- Advertisement -

Пред неколку дена беше завршена спектакуларна аукција на која беше понудена најдорбата српска ракија, која е синоним за најголемиот успех кој може да го постигне српската сливова ракија – EMPERUS Reserva Antica.

Почетната цена на најскатапа ракија од овошје во светот била 250.000 динари, но нејзината вредност буквално експлодираше и достигна неверојатна цифра од 1.750.000 динари, односно 15.000 евра.

- Advertisement -

Со ова српската сливова ракија стана рекордно најскапа ракија од овошје во светот.

EMPERUS Reserva Antica официјално е најдобро оценетито примерок на српска сливова ракија кога било, а тоа го потврдува и сертификатот за староста и автентичноста, кој беше установен со радиокарбонско тестирање во Шкотска.

- Advertisement -

Лицитацијата за ракијата траела 14 дена. На крајот купувачот на ова најскапо шише ракија во светот е М.Л. од Белград, кој 2 минути пред крај на аукцијата понудил 15.000 евра.

EMPERUS Reserva Antica доаѓа во ограничена серија од 954 шишиња, а секое од нив има уникатно нумерирана ознака, која сведочи за нивниот ексклузивен карактер. На аукцијата се продало првото шише од оваа серија, број 1/954, кое било во ексклузивно пакување.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Emperus)

Сподели!
- Advertisement -