Во Германија се прави 3Д печатена зграда со социјални станови

- Advertisement -

Германија почнува со нова форма на градење социјални станови, која ќе биде значително поевтина и попристапна благодарение на новите технологии за 3Д печатење бетон.

Во градот Лунен, сместен во т.н. Рургебајт, кој е некогашен центар на дурарењето јаглен во централна Германија, компанијата PERI 3D Construction, со технологија за 3Д печатње ја гради првата германска и воедно, првата европска зграда за социјални станови.

- Advertisement -

Зградата на три ката има вкупно 651 м2 простор и ќе има шест станбени единици од 61.2 и 81 м2. Проектот на компанијата PERI 3D Construction користи 3Д градежен принтер на компанијата COBOD International, а по прв пат иновативен начин на градење се комбинира со субвенции за јавни станови. .

Овој проект е третиот градежен проект на PERI само во Германија годинава со користење 3Д градежни принтери на компанијата COBOD и се надоврзува на проектите за податочен центар и зграда за фудбалски клуб, кои почнаа претходно годинава.

- Advertisement -

Првиот и вториот кат се изградени со постапка за 3Д печатење бетон. Поткровјето се гради со метод на хибридна дрвена градба, додека темелите и филигранските плочи ќе се прават со традиционален метод на градење. Фасадната конструкција на катот ја задржува изворната 3Д печатена бетонска структура, а поткровјето ќе биде обложено со фасадни плочи.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -