Генеративната вештачка интелигенција ChatGPT започна да се користи пред околу една година и предизвика светска сензација со својата способност да генерира текст и да учи. Сега редовно го користат мнозинството млади луѓе, според истражувањето на YouGov, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Имено, повеќе од две-третини, или 68 отсто од учениците, практикантите и студентите користат ChatGPT, Google Bard или слични алатки за вештачка интелигенција (ВИ) кога учат или изработуваат домашна работа.
Од нив, според истражувањето нарачано од телекомуникациската компанија Congstar, 11 проценти ја користат алатката за вештачка интелигенција редовно, 32 проценти повремено, а 25 проценти ретко.
Околу 29 отсто од испитаниците рекле дека сè уште не ја користеле алатката.
Во исто време, корисниците свесно ги користат овие алатки за подготовка на домашни или студентски трудови, што може да се види од резултатите од истражувањето во кои агенцијата ДПА имала увид.
YouGov анкетираlo 702 лица од возрасната група од 16 до 26 години кои се вклучени во некоја образовна програма во периодот од 25 септември до 4 октомври.
ChatGPT беше развиен од калифорнискиот стартап OpenAI. Алатката е достапна бесплатно од ноември минатата година и сега има повеќе од 100 милиони корисници.
Во меѓувреме, се разви жестока дебата за долгорочните ефекти на алатките за вештачка интелигенција врз образованието.
(Meta.mk)
(фото: ChatGPT)