Речиси 1/5 од гасовите во земјината атмосфера отпаѓа на кислородот кој го дишеме. Но, ситуацијата е сосема поинаква кај соседната планета Венера. Атмосферата таму е токсична за нас и во неа доминира јаглерод моноксидот со 96,5%. Меѓутоа, неодамна научници на НАСА во неа пронајдоа траги од кислород.
Молекулите на кислородот се она на што се заснова животот на Земјата. Во нашата атмосфера тоа е околу 1/5 од сите гасови, а азотот исполнува најголем дел од остатокот од атмосферата.
Неодамнешно истражување на НАСА, во кое учестуваше и Германската вселенска агенција, покажа дека во останатите 3,5% се наоѓа и кислород. Во тенкиот слој од атмосферата на Венера се сокриени траги од атоми на кислород, а истражувачите тоа го открија со помош на инструментот SOFIA.
Станува збор за летало Boing 747SP, кој на себе има инфрацрвен телескоп кој ги набљудува вселенските настани додека лета низ стратосферата. „На почеток сме од разбирањето на еволуцијата на Венера и зошто таа толку се разликува од Земјата“ вели германскиот физичар и водечки автор на студијата, Хајнц Вилхелм Хуберс.
Тој додава дека кислородот на Венера не значи дека планетата е погодна за живот затоа што ние на Земјата дишеме молекули на кислород, а не атоми. Кислородот на Венера настанува со помош на ултравиолетовото сончево зрачење, кое во токсичната атмосфера ги разложува молекулите на јаглерод моноксидот и јаглерод диоксидот на атоми.
(N1)
(фото: WallpaperFlare)