Меѓунартодната организација Репортери без граници (RSF) заедно со други медиски органи. Документот беше претставен минатиот петок во Париз и наведува дека вештачката интелигенција е способна да ги почитува човечките права, мирот и безбедноста во склад со заедничките напори и вредности.
Вештачката интелигенција е значаен чекор напред во начините за собирање информации, потрагата по вистина, раскажувањето прикзни и ширењето идеи и сигурно значајно ќе го смени новинарството, се вели во документот.
AI системите имаат потенцијал да го револузионизираат целиот глобален информациски пејзаж, во завиност од нивниот дизајн, онтролите и примената. Затоа во документот се наведуваат десет основни правила кои мора да се почитуваат и се задолжителни за медиумските организации и за новинарите.
Првото правило е дека новинарската етика мора да се насочува за медиумите и новираните да ја користат технологијата, а второто е дека човечките одлуки мора да останат централни при изборот на уредниците и долгорочните стратегии.Документот повикува AI системите да поминат независна евалуација и медиумските куќи секогаш да останат одговорни за содржините што ги објавуваат.
Медиумите мора да транспарентни во врска со користењето на AI системи и да гарантираат автентичност и вистинитоста на објавите. Во документот се повикува јасно да се означи разликата меѓу човечките и генерираните содржини и дека AI содржините се одраз на плурализмот на мислењата, како и дека новинарите и медиумските куќи да бидат анагажирани во генералниот надзор над AI системите.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Wikimedia)