Повик за компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

- Advertisement -

Скопје, 26 јануари 2023 – Македонија 2025 објави јавен повик за македонските компании за аплицирање на Програмата за претприемачи на семејството Битов.

Програмата за претприемачи-Битов, е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на  национално и меѓународно ниво.

- Advertisement -

Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 20 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании , согласно барањата и потребите на компаниите. Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија. Дел од експертската поддршка се обезбедува онлајн, а експертот поминува две недели во самата компанија.

Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и неговиот превоз до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.

- Advertisement -

Повеќе информации за самата програма и начинот на аплицирање може да добиете на следниов линк, додека Повикот за 2023 е достапен тука.

Сподели!
- Advertisement -