Во Кина беше пуштена во употреба најбрзата интернет конекција во светот

- Advertisement -

Во Кина беше пуштена во употреба најбрзата интернет конекција во светот, која има пропусна моќ од 1,2 терабити во секунда. Оваа нова мрежа ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжо, пишува Global Times.

Новата ултрабрза кинеска интернет мрежа е долга 3.000 км и се очекува да биде најбитен дел од новата кинеска интернет инфраструктура.

- Advertisement -

Оваа азиска земја забрзано ја зголемува величината и брзината на своите интернет инсталации. Како што се наведува во соопштението, до септември оваа година во земјата биле изградени над 3 милиони 5G станици со антени, кои ја формираат најголемата мрежна структура во светот.

Компаниите Huawei Technologies и China Mobile ја изградија оваа интернет мрежа долга над 3.000 км со цел да се поврзе Пекинг со југот на земјата и на земјата и го донесоа најголемото технолошко достигнување на ова поле досега.

- Advertisement -

Двете компании ги здружија силите со Универзитетот Цингуа и провајдерот Cernet.com за да ја изградат, како што велат тие, првата интернет мрежа во светот со стабилна и постојана брзина од 1,2 терабити во секунда, што е неколку пат побрзо од типичната брзина на интернетот во светот.

Тестирањето почна на 31 јули годинава и оттогаш постигна одлични резултати на повеќе тестови, велат од универзитетот.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -