Данска воведува посебен данок за патници со авион

- Advertisement -

Данската влада планира да воведе посебен данок за патниците со воздушен сообраќај, кој во просек би изнесувал околу 13 евра по лет, а собраните средства, меѓу другото, ќе се користат за поддршка натранзицијата кон одржлива авиоиндустрија.

Како што објасни данскиот министер за финансии, Јепе Брус Кристенсен, износот на данокот од 2025 година натаму ќе биде околу 70 дански круни или 9,39 евра, а од 2030 година ќе порасне на 100 дански круни или 13,31 евра.

- Advertisement -

За летовите во Европа патниците ќе мора да платат околу 8 евра, за подолгите патувања, на пример, до Њујорк околу 32 евра, а до Бангкок околу 52 евра.

Данска не единствената земја која одлучи да воведе таков данок. На сличен потег се одлучија и Германија и Шведска, која прва воведе данок на авионски билети уште во 2011 година.

- Advertisement -

Данската влада очекува со помош на овој данок да донесе дополнителни 160 милиони евра во државниот буџет. Средствата ќе се користат за поддршка на преинот на авиоиндустријата кон еколошки поприфатливи мотори и за помали аеродроми, за кои се очекува дека најмногу ќе ги почувствуваат последиците од воведувањето на данокот.

- Advertisement -

(SEEbiz.eu)

(фото: The Flight Simulator)

Сподели!
- Advertisement -