Мисијата ExoMars Trace Gas Orbiter на Европската вселенска агенција идентификуваше зелен сјај на Црвената планета. Тој сјај на ноќното небо на Марс е видлив со голо око.
Светлината во поларните предели, набљудувана на висина од 40 до 60 км во текот на марсовската зима, сугерира потенцијална видливост за идните истражувачи на површината на Марс.
Планетатниот научник Жан-Клод Жерар од Универзитетот Лиж во Белгија ја истакнува важноста на ова неочекувано откритие. Оваа новооткриена светлина е неочекувана и интересна за идните патувања на Црвената планета, додава тој.
Ноќниот сјај е чест феномен во атмосферите на планетите и другите тела во Сончевиот систем, а е резултат на рекомбинирање на атомите и молекулите на ноќната страна, кои притоа емитуваат фотони. На Земјата ноќниот сјај се појавува како слоеви на зелени, златни и црвенкасти светлини. Другите планети покажуваат варијации , како што е инфрацрвена на Венера и ултравиолетова на Јупитер.
Марс, претходно познат по инфрацрвениот и ултравиолетов ноќен сјај, сега открива и со голо око видлив сјај. Жерар и неговите колеги ги анализирале податоците од Trace Gas орбитерот, откривајќи видлива ноќна светлина на јужниот пол во текот на марсовската зима. Тој сјај произлегува од комбинацијата на транспортирани атоми на кислород кои создаваат дикислород, притоа емитувајќи видлив сјај. Истражувањето за ова е објавено во списанието Nature Astronomy.
(Science Alert)
(фото: Flickr)