Во време на дигитализација, сленгови, латиница во секоја пора од живеењето не сме свесни дека ја запуштаме Кирилицата а паралелно на тоа, ја запуштаме нашата државност, култура и идентитет. Кирилицата треба внимателно да ја чуваме, да ја модернизираме и да ја користиме. Секоја буква има историја и чувства, секоја буква е наше културно богатство.
Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.
Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето, традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.
Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес. Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.
Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само така можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.
Прилеп Охрид
Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство.
Логотипите и буквите ги ставаме на располагање на градовите (Локалните самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.
Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.