Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, со просечна плата од 59.772 денари во септември годинава.
Највисока просечна нетo плата исплатена во септември годинава била во одделот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесувала 92.568 денари, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа ја прави и целата просечна нето плата во Секторот „Информации и комуникации“, каде се наоѓаат програмерите, највисоката нето плата од сите сектори.
Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, со просечна плата од 59.772 денари во септември годинава.
Трет е секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и комуникација, каде нема посебни оддели, и просечната плата во септември за вработените во оваа дејност била 52.916 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37.876 денари.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116,4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25,8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,8 %), Образование (10,9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9,1 %).