Оди во историјата амбалажата полна со воздух и преголемите празни кутии

- Advertisement -

Кесичките со грицки полни со воздх, односно амбалажата која во себе има повеќе воздух отколку производи, големите кутии со мала содржина, сето тоа ќе замине во историјата.

Дури 73% од жителите на ЕУ велат дека биле залажани од големата амбалажа на производите. Имено, иако на произодите ја пишува количината, птрошувачите често не можат од око да проценат колку производ има во кесата, а ога ќе појдат дома, непријатно се изненадуваат.

- Advertisement -

Затоа, Европскиот парламент ја потврди забраната за амбалажа чија цел е да ги залажува потрошувачите за количината на самиот производ, како што се непотребни слоеви амбалажа или лажно дно.

Просечниот жител на ЕУ фрла околу 188,7 кг амбалажен отпад, од кои мал дел се рециклира. Со оваа нова одредба ќе се осигура дека граѓаните добиваат најмногу за своите пари, но и ќе се заштити животната средина.

- Advertisement -

Вистина е дека производителите намерно оставаат дел од просторот во амбалажата празен затоа што така грицките се штитат од потенцијална штета при самиот транспорт, па наместо чипс, да добиеме трошки. Исто така, во амбалажата се наоѓа азот, затоа што кислородот може да предизвика крварење накромпирот, а влагата ќе го направи мек. Азотот ги чува производите свежи и крцкави.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -