Научници во лабораторија ги направија првите микро роботи од човечки клетки, кои можат да излечат оштетено нервно ткиво. Студијата за ова откритие научниците од Универизтетот Медфорд ја објавија во списанието Nature.
Овие први биороботи, кои се наречени антроботи, се направени од човечки трахеални клетки, односно органи ние кои поминува воздухот од грлото до белите дробови.
За да ја тестираат лековитата моќ на овие биороботи во лабораториски услови тие ги ставиле антроботите на оштетено човечко ткиво. После само три дена ткивото целосно се регенерирало, што ги изненадило истражувачите затоа што клетките на овие миро роботи не биле на ниету еден начин генетски модифицирани или програмирани за таква функција.
Се смета дека овие роботи може да бидат персонализирани, односно направени од клетки за секој пациент посебно и дека можат успешно да ја разградуваат слузта или да се движат низ телото на пациентот и ефикасно да доставуваат лекови до одредени органи.
Со комбинирање на повече човечки клетки истражувачите велат дека може да се направат антроботи кои можат да вршат сложени функции во лекувањето на луѓето.
(N1)
(фото: YouTube)