Поткожен имплант лечи дијабетес тип 1

- Advertisement -

Соработката меѓу истражувачи од Универзитетот Корнел во Њујорк и Универзитетот Алберта во Едмонтон резултираше со нова техника за лекување дијабетес тип 1. Техниката се состои од имплантирање уред во џеб под кожата, кој може да излачува инсулин притоа избегнувајќи ја имуносупресијата, која вообичаено спречува лекување на болеста.

Кај дијабетесот тип 1 имунолошкиот систем на телото ги уништува кластерите на клетки на панкреасот, кој го произведува инсулинот, познати како Лангерхансови острови, на тој начин скратувајќи му го на телото начинот да воведе глукоза, односно шеќер во клетките на мускулите и ткивата за создавање енергија. стандардното лекување на болеста е инсулинска терапија во форма на дневни инјекции или инсулинска пумпа.

- Advertisement -

Во текот на последната деценија професорот Минглин Ма на Универзитетот Корнел се обидувал да развие подобар начин за контрола на болеста. Во 2017 година тој го престатви уредот кој може да се имплантира во телото. Уредот наречен TRAFFIC (Thread-Reinforced Alginate Fiber For Islets enCapsulation) бл структуриран како мал микропорозен кафез. Затворените острови би можеле да излачуваат инсулин како одговор на намаленото ниво на шеќер во крвта во телото, а истовремено би примале постојан проток на хранливи материи и кислород за да останат здрави.

Неговата лабораторија создаде груба верзија во 2021 година, која се покажа ефикасна во контролата на шеќерот во крвта кај глувци дијабетичари до шест месеци. Тие проекти го мотивирале професорот Џејсм Шапиро од Универзитетот Алберта во Едмонтон да создаде метода за вметнување на острови во каналите точно под кожата, а потоа да примени имуносупресија за да ги заштити.

- Advertisement -

Новиот систем е наречен SHEATH (Subcutaneous Host-Enabled Alginate Thread), а инсталацијата е процес во два чекори. Прво под кожата се вметнува низа од најлонски катетери, каде што остануваат четири до шест недели, доволно долго за околу нив да се формираат крвни жили. Кога ќе се извадат катетерите, уредот со острови, кој е долг околу 10 см, се става во џебот, односно просторот кој го направиле катетерите, а околниот васкуларен систем останува недопрен.

Засега не е познато кога би почнало тестирање на луѓе, а истражувањето е објавено во списанието Nature.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -