Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

- Advertisement -

Македонскиот број еден бренд за едукација Сеавус едукативен и развоен центар станува Qinshift Academy. Академијата ќе ги соедини домашните практики со светските стандарди во ИТ, дигиталните комуникации и дизајнот и ќе нуди уште подобри програми за доусовршување и развој.

Првиот едукативен и развоен центар за ИТ технологии СЕДЦ отсега ќе работи како Qinshift Academy. Ребрендирањето е природен и очекуван чекор во процесот на растење и проширување, примена на глобално искуство и иновации во ИТ образованието и етаблирање како глобален бренд. Со ребрендирањето во Qinshift Academy студентите и партнерите може да го очекуваат препознатливиот квалитет на програмите од кои најголем дел се веќе меѓународно сертифицирани, но истотака и збогатување со нови атрактивни програми и што е најважно глобални можности“, истакна Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

- Advertisement -

Qinshift Academy ќе ја зајакне лидерската позиција на поранешниот СЕДЦ, којшто во текот на 13 години се покажа како беспрекорен во следење на потребите на индустријата, но и во чекор со најновите технолошки трендови. Оваа надградба ќе донесе и раст и проширување на дејноста на компанијата и освојување на нови пазари првенствено во земјите каде Qinshift има свои претставништва.

Приказната за СЕДЦ започна скромно во 2010 година, но набргу благодарение на  експертизата и искуството во ИТ,  создадовме оригинални програми за стекнување квалификации според потребите на пазарот на трудот со над 250 професионаци – ментори вклучени во развојот на истите, со што почнавме да ја остваруваме својата визија за модерно оброзование.  Развојот продолжи со двата големи проекти „IТhink-академија“ прва ИТ академија за деца и Сеавус Акцелераторот – Првиот корпоративен технолошки Акцелератор преку кој поддржавме над 50 македонски стартапи. Со отворањето на претставништво во Србија и проширувањето на програмите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, итн., СЕДЦ стана препознатлив бренд низ целиот Балкан, а со трансформацијата на голем дел од програмите во онлајн продукти кои се реализираат на англиски јазик, станавме достапни и низ цела Европа.

- Advertisement -

За влијанието, зборува и фактот што низ академиите и обуките организирани од СЕДЦ се едуцирале над 20 000 студенти. Со пристапувањето кон глобалното семејство на Qinshift – моќен глобален технолошки гигант кој денес го чинат повеќе од 3500 професионалци, над 300 клиенти и 28 канцеларии низ светот, Qinshift Academy и официјално се етаблира како глобален бренд“,  додава Иваноска.

Станувањето Qinshift Academy е дел од интеграцијата на Сеавус кон Киншифт (Qinshift), глобална технолошка компанија со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи.

Сподели!
- Advertisement -